
Актуелниот првак Шкупи го пречекува големиот ривал Шкендија на Чаир во четвртфинална куп-пресметка. Еден од фаворитите кои во своите планови имаа(т) двојна круна, денеска ќе остане без едниот трофеј. Ова дефинитивно е најинтересниот дуел од Купот на Македонија.
„Верувам во квалитетот на нашиот тим, играме пред нашите фанови и очекувам победа и пласман во полуфиналето на Купот. Шкендија е силен тим, но верувам дека од нашето издание зависи пласманот во следната рунда од Купот“, изјави Валид Хамиди, крилниот напаѓач на Шкупи.
Шкендија ќе биде ослабена, без Бејтулаи, Дита и без Билали. Сепак, голманот Костадин Захов вели дека тетовци имаат сили и квалитет да слават на Чаир.
„Ова е големо дерби, а кај нас има огромен мотив за успех. Посакуваме победа ио пласман во полуфиналето во Купот на Македонија“, порача голманот на Шкендија.
Брегалница по оставката на тренерот Илчо Ѓорѓиоски гостува кај лидерот во шампионатот, Струга Трим Лум. Тимот ќе го води неговиот досегашен асистент Лазар Илиев.
Во Кратово, Силекс ќе го пречека најтрофејниот македонски клуб Вардар, кој меѓу овие екипи е единствениот второлигаш.
Интересно ќе биде и во Ѓорче Петров каде се среќаваат Македонија ЃП и Академија Пандев.
Во случај на нерешен резултат по регуларниот тек од натпреварите, веднаш ќе се изведуваат пенали.
ДВОЈКИ ЗА КУП ЧЕТВРТФИНАЛЕ – ДЕНЕСКА (13 Ч)
ШКУПИ – ШКЕНДИЈА
СИЛЕКС – ВАРДАР
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – БРЕГАЛНИЦА
МАКЕДОНИЈА ЃП – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Јани Атанасов се врати во Краковија

Евро-фудбал
Тами Ејбрахам ќе потпише за Бешикташ

Евро-фудбал
Луис Енрике: Одигравме перфектен меч

Евро-фудбал
Баерн во голеадата поуспешен од Фламенго (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез

Евро-фудбал
Алегри го сака Серху Гираси во нападот на Милан

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор
