Академија Пандев се уште го чува трофејот на Купот, минатата сезона беше прекинато натрпреварувањето поради пандемијата, а денеска ќе ја брани круната во четвртфиналниот дуел со Шкупи. Тимот од Чаир оваа сезона има големи амбиции, а Академија Пандев конечно победи во првенството и сега зема залет за да одигра многу подобро и во куп-натпреварувањето.
Шкендија патува во Кратово на дуел со разнишаниот Силекс. Тимот на Ернест Ѓока ќе биде ослабе, без „моторот“ Арменд Алими, но и без Кривак во одбраната и без Дориев во нападот. Силекс се надева дека може да се врати во ритам со елиминација на фаворитот во Купот.
Струга Трим Лум ја победи Ренова со 1-0 во првенствена битка, а сега ќе ја пречека и во Купот. Стружани се фаворити со оглед на домашниот терен, а Ренова има промена на клупата, замина досегашниот тренер Бујар Ислами, а тимот ќе го предводи спортскиот директор Фисник Нухиу.
Македонија ЃП игра одлично, но секој натпревар е ново докажување, а во Купот нема место за поправен испит. „Лавовите“ ги очекува пресметка со Беласица на стадионот „Благој Истатов“, а струмичани покажаа дека полека влегуваат во потребната форма со триумфот над Силекс.
КУП НА МАКЕДОНИЈА, 1/4-ФИНАЛЕ
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКУПИ
СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА
БЕЛАСИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – РЕНОВА
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski