Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, смета дека неговиот тим сѐ уште има шанса да стане шампион на Англија.
„Ако не верувам денес, замислете како беше во август“, изјави Шпанецот на својата прес-конференција во пресрет на неделниот натпревар со Евертон.
Неговиот тим е втор на табелата, со два бода зад Манчестер Сити, има потреба од победа и се надева дека „граѓаните“ нема да успеат да го победат Вест Хем дома. „Топчиите“ имаат шанса да станат шампиони за првпат по 2004 година.
„Само се надевам дека ќе го добиеме нашиот натпревар и ќе се случи нешто убаво“, додаде тој.
„Единствениот разговор со играчите е дека треба да доживееме добра недела и дека сонот е сѐ уште жив. Можно е, ова е фудбал”, се надева менаџерот на Арсенал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум ја оствари најубедливата победа во осмото коло откако со 6-0 го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Марјан Радески (Струга ТЛ)
Потсети дека некогаш беше и македонски репрезентативец. И сѐ уште има раскошен репертоар на...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Младите фудбалери поразени од Шведска













