Ренова и Струга Трим Лум се последните патници во четвртфиналето на Купот на Македонија. Тие по подобро изведување пенали славеа против Пелистер, односно против Работнички.
Ренова и Пелистер одиграа 2-2 во регуларниот тек, битолскиот тим имаше предност од два гола со погодоците на Хот и на Фазлиу, но „гипсарите“ успеаја да израмнат. Потоа беа подобри при изведување пенали и го комплетираа мечот со 6-5.
Возбудливо беше и на дуелот Струга Трим Лум – Работнички. Таму немаше голови во регуларниот тек, а Струга славеше со 4-3 на пенали, иако домашните фудбалери не ги реализираа првите два удари од белата точка. Трајковиќ од Работнички дури двапати не реализираше, откако Ѓуриќ еднаш одбрани, но пеналот беше повторен. Сепак, и вториот обид Ѓуриќ успеа да одбрани, а на крајот и уште еднаш одлично интервенираше за конечен триумф на пенали.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













