Беласица приреди изненадување и по изведување пенали го исфрли прволигашот Арсими во 1/16-финалето од Купот на Македонија (2-2, пенали 3-2).
Арсими имаше водство од 0-2 по голот на Јахији и уште еден погодок на стартот од второто полувреме, но струмичани се вратија во игра – прво намалија во 61. минута, а потоа израмнија на 2-2 откако противникот остана со играч помалку.
Во рулетот на пенали, Беласица покажа повеќе концентрација. И двете екипи имаа промашувања, но решавачки беше нереализираниот удар на Арсими во петтата серија.
Пласман во осминафиналето веќе обезбедија Работнички, Силекс, Македонија ЃП, Брегалница, ГФК Охрид и Детонит Плачковица.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими













