
Купот на Македонија влегува во завршната фаза и денеска ќе бидат познати двата финалисти. По првите полуфинални дуели, поблиску до финалето се Академија Пандев и Македонија ЃП. Но, има уште 90 минути на денешните реванш мечеви во Ѓорче Петров и во Кавадарци.
Академија Пандев со предност од 3-1 од првиот меч во Струмица патува за Кавадарци, каде Победа ќе биде домаќин. Составот на Југослав Тренчовски е во добра форма и се надева дека ќе успее да ја задржи позитивата, а прилепскиот тим се надева дека сепак може да изненади и да има успех во Купот, со оглед дека во шампионатот е на самото дно.
Вториот меч се игра во Ѓорче Петров. Македонија ЃП обезбеди минимална предност (1-0) од гостувањето во Струмица, но Беласица исто така има желба да биде дел од големото финале.
ПОЛУФИНАЛЕ, КУП НА МАКЕДОНИЈА (15.30 ЧАСОТ)
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: МАКЕДОНИЈА ЃП – БЕЛАСИЦА (1-0)
КАВАДАРЦИ: ПОБЕДА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (1-3)

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal