Connect with us

Кунде и Лаутаро се приоритетите на Челси

Челси во новата сезона ќе влезе реновиран откако доби и нови сопственици. Посебно во одбраната ќе има нови лица со оглед дека заминуваат Кристенсен, Рудигер, Алонсо и капитенот на Аспиликуета.


Според медиумите на Островот, прво засилување би требало да биде Жул Кунде, Французинот од Севилја, кој ќе ги чини „сините“ околу 50 милиони евра. Постигнат е договор со играчот, клубовите се уште преговараат.

Тијаго Силва ќе го продолжи договорот на уште една година, а цел на Челси е Јошко Гвардиол.
Во нападот многумина веруваат дека Интер би се согласил да го замени Лаутаро Мартинез за Ромелу Лукаку, но пречка секако е огромната плата на Белгиецот. Тухел планира и еден слободен агент, Осман Дембеле од Барселона, кој играше одлично под негово водство во Борусија Дортмунд.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови