
Холандскиот стратег Роналд Куман е максимално разочаран од односот на Барселона кон него и отказот кој доби од каталонскиот клуб. Тој смета дека клубот е виновен за очајниот играчки фонд во моментот, а направена е катастрофална грешка со заминувањето на Лионел Меси.
По разделбата со Барса, како што открива Мундо Депортиво, Куман е на став комплетно да ја заврши тренерската кариера.
Барселона одлучи привремено решение на клупата да биде тренерот на Б-тимот, Серхи Бархуан, а се надева дека ќе успее да го доведе Чави Хернандез за нов тренер. Тој во моментот го предводи катарскиот Ал-Сад.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal