Connect with us

Куман се предаде: Реално, тешко можеме до титулата во Ла Лига

Барселона не успеа да слави на „Камп Ноу“ и против Еибар, одигра 1-1 и се наоѓа на шестата позиција на табелата во Ла Лига со 25 бода, седум помалку од Атлетико Мадрид и Реал Мадрид, кои се на врвот. Тренерот Роналд Куман признава дека Барса тешко може до шампионската титула оваа сезона.

„Ако зборуваме реално, освојувањето на шампионската титула ќе биде тешко достижно. Ништо не е невозможно, но свесни сме дека имаме негатива и дека постои сериозна бодовна разлика со конкурентите. Атлетико Мадрид е многу квалитетен, има цврст и силен тим и многу ретко прима голови“, изјави Куман. 

Барселона првиот предизвик во 2021 година го има против Хуеска на гости, на 3 јануари. 

    

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови