Барселона во зимскиот преоден рок планира да се ослободи од четворица фудбалери. Тренерот Роналд Куман ги прецртал дефанзивците Самуел Умтити и Жуниор Фирпо, како и фудбалерите за врска Карлес Алења и Рики Пуиг. Сите се ставени на трансфер – листа и со одредена отштета ќе можат да го напуштат клубот.
Умтити за сума од 20 милиони евра би можел да замине во Премиер – лигата, а за Жуниор Фирпо е најавена позајмица во Италија. Карлес Алења и Рики Пуиг исто така ќе заминат на позајмица.
Куман се обидува да го намали играчкиот кадар за да направи место во буџетот за две капитални засилувања. Тој ги посакува Ерик Гарсија, дефанзивецот на Манчестер Сити, и напаѓачот на Лион, Мемфис Депај.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













