Холандскиот стратег Роналд Куман ќе ја предводи Барселона и следната сезона. Отстранети се сите дилеми околу можноста Чави Хернандез да дојде на „Камп Ноу“ по завршувањето на оваа сезона откако тимот на Барселона конечно почна да функционира според замислите на Куман.
Новиот претседател Хоан Лапорта, како што јавуваат каталонските медиуми, имал средба со шефот на стручниот штаб и му ја потенцирал желбата на раководството тој да остане најмалку до крајот на договорот, јули 2022 година.
Следната мисија на Лапорта и на Куман ќе биде да го убедат Лионел Меси да остане на „Камп Ноу“ по завршувањето на сезоната.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













