Францускиот ас Антоан Гризман и Бразилецот Фелипе Кутињо најверојатно ќе останат на „Камп Ноу“. Тренерот Роналд Куман и рекол на управата на каталонскиот гигант дека нема ништо против тие да останат, а јасно е дека Барса ќе ги продаде само во случај на примамливи понуди кои во моментов ги нема.
Гризман и Кутињо се вториот и третииот најплатен играч во тимот по Лео Меси, поради што Хоан Лапорта имаше намера да ги продаде. Заедно, тие ја чинеа Барса околу 250 милиони евра, така што нема логика клубот да ги пушти за малку пари.
Ако останат, се поставува прашањето, како Куман ќе одговари на сите фудбалери во офанзивата? Тој има дури осум офанзивци за три позиции во навалната линија. Покрај Кутињо и Гризман, тука се и Дембеле, Депај, младиот Демир кој експлодира на подготовки, како и Фати, Меси и Агуеро.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal