Connect with us

Куман ќе го наследи тренерот на 15. тим во Франција?

Барселона ќе се раздели со тренерот Роналд Куман, тоа е веќе јасно, а раководството на клубот во моментот ја бара најдобрата опција за негов наследник.


Роберто Мартинез е првиот фаворит, но францускиот „РМЦ Спорт“ наведува дека каталонците размислуваат и за друго име. Станува збор за Оскар Гарсија, човекот кој има 69 настапи за Барселона во шампионатот од 1993 до 1999 година и постигна 21 гол. Сепак, неговата тренерска кариера не е импресивна.

Во пресрет на оваа сезона, Оскар Гарсија го презеде францускиот Ремс, со кој освои седум бода во седум кола и во моментов е на 15. место во Лига 1. Тренерската кариера ја започна во 2009 година како помошник на Јохан Кројф во каталонската репрезентација, а беше тренер и во помладите категории на Барселона.

Следуваа пократки епизоди во Макаби Тел Авив, Брајтон и Вотфорд, а потоа тој помина една и пол година на клупата на Салцбург. Тој беше отпуштен многу брзо во Сент-Етјен и во Олимпијакос, а до ноември 2020 година беше тренер на Селта.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови