
Уругваецот Луис Суарез на почетокот на сезоната ја напушти Барселона и се пресели во Атлетико Мадрид, а сега блеска на „Ванда Метрополитано“ и составот на Диего Симеоне е лидер на табелата во Ла Лига. Прашање за Роналд Куман, дали тој многу лесно се откажа од услугите на одличниот голгетер.
„Јас не донесов одлука Луис Суарез да замине од Барселона. Напротив, јас го сакав во тимот, тој е одличен напаѓач, тренираше вредно и напорно додека беше во составот. Но, потоа замина на разговори со раководството и донесена беше одлука дека ќе го напушти „Камп Ноу“. Во такви ситуации тренерот едноставно ништо не може да стори. Потоа се дозна дека Суарез ќе го засили Атлетико Мадрид и веднаш беше јасно дека ривалот добива одличен фудбалер“, открива Роналд Куман.
Барселона без Луис Суарез оваа сезона има сериозни проблеми со реализацијата и е далеку од врвот на табелата во првенството на Шпанија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Пелистер
Пелистер го доведе Петар Петковски

Млади репрезентации
Македонија У21 убедливо поразена во Полска

Млади репрезентации
Македонија У19 подобра од БиХ на првиот тест

Млади репрезентации
Избраниците на Горан Станиќ од Краков го почнуваат патот за ЕП 2027

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед го продава Андре Онана

Млади репрезентации
Започнува продажбата на билети за мечот Македонија – Италија (У21) во Битола

Евро-фудбал
Велс го победи Казахстан и го презеде врвот
