Барселона славеше во Торино против Јувентус со 0-2 и остана стопроцентна во Лигата на шампионите, заборавајќи го делумно поразот од Реал Мадрид во „Ел Класико“ на домашен терен. Дембеле беше стрелец на првиот погодок за каталонскиот тим, а Лионел Меси погоди од пенал во завршницата за потврда на успехот.
По завршувањето на мечот, тренерот Роналд Куман и Лео Меси во цврста прегратка.
„Ние секогаш сме имале супер однос. Уште од првиот момент кога се сретнавме, на првиот состанок, имавме јасни ставови. Тогаш го почитував неговото мислење за состојбите во клубот, а тој откако се врати во тимот прави се за тимот да победува. Можеби требаше и побрзо да го потврдиме триумфот против Јувентус“, изјави Куман.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Рома сака да го врати Мохамед Салах во Серија А













