
Тренерот на Барселона, Роналд Куман, по поразот 0-3 на „Камп Ноу“ призна дека Баерн е далеку подобар тим во моментов, но дека не се грижи за иднината на каталонскиот клуб. За првпат по 24 години, Барселона не успеа да победи во првото коло од групната фаза во Лигата на шампионите.
„Имавме на располагање тројца напаѓачи. Секако дека би сакале да се натпреваруваме подобро, но ова е она што го имаме на располагање. Беа подобри од нас, но нема за што да жалам. Постои разлика во квалитетот и меѓу нивните стартери и меѓу промените“, изјави Роналд Куман.
Се чини дека неговиот искрен однос со јавноста му смета на Хоан Лапорта, кој му подготвува смена. Иако потенцираше дека Куман нема да добие отказ без разлика на поразот од Баерн Минхен, сепак, тоа може да се случи многу брзо. Пред се затоа што постојат несогласувања во нивните ставови, Куман премногу отворено се изјаснува дека овој тим на Барселона е преслаб за да стори било што во Ла Лига и во Лигата на шампионите.
Како негов наследник веќе се споменува Жорди Кројф, кој е дел од клубот и е еден од советниците на претседателот Лапорта.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
