Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас заработува 50.000 евра неделно во дресот на Наполи и е еден од послабоплатените фудбалери во италијанскиот калчолигаш. Медиумите на Апенините го објавија годишниот буџет на тимот на Наполи кој изнесува околу 120 милиони евра. Аурелио де Лаурентис неделно плаќа по околу 2 милиони евра за да има таков квалитетен состав во Серија А.
Најскапоплатен фудбалер на „наполитанците“ е дефанзивецот Калиду Кулибали, кој седмично заработува 200.000 евра, четири пати повеќе од Елиф Елмас. Втор според заработката е капитенот Лоренцо Инсиње на чија сметка секоја седмица Наполи префрла 170.000 евра.
Потоа следуваат Дрис Мертенс (155.000 евра седмично), Костас Манолас (145.000 евра), Ирвинг Лозано, Виктор Осимен и Пјотр Зиелински (130.000 евра).
Интересно е дека Фабијан Руиз, шпанскиот репрезентативец за кој се интересираат Реал Мадрид и Барселона, има релативно мала плата од 60.000 евра неделно.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski