
„Црвената фурија“ заслужено успеа да освои злато на Европското првенство, откако играчите на Шпанија покажаа најмногу на натпреварувањето што се играше во Германија.
Во финалниот натпревар, Шпанците победија против Англија со 2-1 во Берлин, а херои беа Нико Вилијамс и Микел Ојарзабал, кои ги постигнаа головите за триумф.
Сепак, еден од најдобрите играчи на Шпанија на овој турнир беше Марк Кукуреља, кој беше многу критикуван поради нешто послабите изданија во дресот на Челси.
Кукуреља блескаше на позицијата лев бек, поради што на крајот заслужено беше избран во најдобриот тим на Европското првенство.
🇪🇦🌶️ Marc Cucurella promised to dye his hair red if Spain won EURO 2024… And it happened! 😂💈 pic.twitter.com/FAWjrcYTzo
— CentreGoals. (@centregoals) July 19, 2024
Неколку дена по прославата на овој трофеј, Кукуреља повторно се најде во центарот на вниманието на јавноста поради ветувањето што го даде пред неколку недели.
Неговата девојка неодамна откри дека Кукуреља ѝ ветил дека ќе ја промени својата препознатлива фризура ако Шпанците освојат злато, а сега го исполни тоа.
Тој вети дека ќе ја обои косата во црвено ако го освои Европското првенство, и неколку дена подоцна мораше да го исполни ветувањето.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат
