
Македонскиот фудбалер Крсте Велкоски влезе во историјата на култниот босански клуб Сараево. Тој денеска на стадионот „Грбавица“ постигна еден гол во победата на Сараево над Игман од 2:0.
Тоа беше 64. гол за Велкоски во дресот на клубот од Кошево и со тоа се запиша меѓу десетте најдобри стрелци на ФК Сараево во историјата.
Крсте Велкоски се израмни на десеттата позиција со легендарниот Фрањо Ловриќ, а пред нив се Ален Авдиќ и Хусреф Мусемиќ (65 гола), Бошко Антиќ (67), Салих Шеховиќ (75), Вахидин Мусемиќ (83), Емир Обука (89), Добривоје Живков (90), Сафет Сушиќ (96) и Асим Ферхатовиќ Хасе (100).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
