
Селекторот на фудбалската репрезентација на Бугарија, Младен Крстајиќ, го објави списокот на фудбалери за натпреварот против Македонија во Скопје на 26 септември.
Крстајиќ на списокот има девет интернационалци, но и нема неколку познати имиња, како Ивајло Чочев, Георги Миланов, Николај Михајлов.
Три дена пред дуелот со Македонија, Бугарите ќе играат и против Гибралтар.
На списокот на Крстајиќ се најдоа следните фудбалери…
Голмани: Даниел Наумов (ЦСКА 1948), Светослав Вуцов (Славија), Иван Дулгеров (Черно Море).
Одбрана: Валентин Антов (Монца), Петко Христов (Специја), Пламен Галабов (Макаби Нетанја), Христијан Петров (ЦСКА Софија), Виктор Попов (Черно Море), Иван Турицов (ЦСКА Софија), Антон Недјалков (Лудогорец), Матео Стаматов (Оренбург).
Среден ред и напад: Илија Груев (Вердер), Иван Јорданов (Лудогорец), Јанис Карабелов (Кишварда), Филип Крастев (Левски), Илиан Стефанов (Левски), Никола Илиев (Интер), Марин Петков (Левски), Јоан Стојанов (Хапоел Биер Шева), Георги Русев (ЦСКА 1948), Кирил Десподов (Лудогорец), Радослав Кирилов (ЦСКА 1948), Мартин Минчев (Спарта Прага).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Флоријан Вирц е блиску до потпис со Ливерпул
