
Фудбалерот за врска на Реал Мадрид , Тони Крос, со нетрпение го очекува натпреварот со Манчестер Сити во полуфиналето на Лигата на шампионите. Тој се сеќава на пресметките против истиот противник од минатата година, кога во оваа фаза од натпреварувањето „кралевите“ ги елиминираа „граѓаните“.
„Минатата сезона никој не очекуваше да победиме, но сепак го направивме тоа. Очекуваме многу силен Манчестер Сити, но навикнати сме да играме такви натпревари. Нема да користиме изговори. Ќе сториме сѐ за да играме ново финале“, изјави Тони Крос пред вечерашниот натпревар.
33-годишниот Германец кратко работеше со менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, кога стратегот беше на чело на Баерн Минхен. Фудбалерот со нетрпение ја очекува новата пресметката со својот поранешен ментор и се чувствува подготвен да му помогне на Реал Мадрид да излезе како конечен победник.
„Екипите на Гвардиола секогаш го играат неговиот стил на фудбал. Без разлика дали е тоа Барселона, Баерн Минхен или сега Манчестер Сити, секогаш можете да видите дека тоа е одличен тим. Кога играте против тим кој постигнува три или четири гола на секој натпревар, очигледно треба да знаете да се браните, а истовремено да најдете начин како да ги пробиете“, истакна Крос.
Првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити се игра вечерва од 21 часот, на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
