
Фудбалерот за врска на Реал Мадрид, Тони Крос откри кога има намера да се пензионира. По елиминацијата на Германија на Европското првенство, тој кажа „збогум“ на националниот тим, а по две години и дефинитивно ќе замине во пензија.
„Мислам дека 2023 година ќе биде вистинската година, јас ќе имам 33 години. Допрва треба да одлучам дали ќе го продолжам договорот со Реал Мадрид на година или две. Ова сè уште не е решено. Но, јас сум апсолутно сигурен дека ќе ја завршам кариерата во Реал Мадрид. Не сакам да ги обвинувам сите во Германија затоа што многу фанови го ценеа мојот настап, но на моменти имав чувство дека луѓето го потценуваат она што го направив за 11 години. Во Шпанија сè е поинаку. Сите ми се благодарни од мојот прв натпревар пред седум години“, изјави Крос за „Билд“.
Крос пред неколку дена објави дека неговите настапи на ЕВРО 2020 беа последни во репрезентативниот дрес на Германија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал се пофали со Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Расмус Хојлунд пред трансфер во Милан
