Connect with us

Kризен состанок во Интер

Директорите на Интер утре ќе имаат кризен разговор со Симоне Инзаги, пренесуваат италијанските медиуми.


Тимот вчера претрпе непријатен пораз (1-0) на гостувањето кај Болоња, а само тренерот Инзаги и напаѓачот Лаутаро Мартинез јавно го искажаа разочарувањето.

Интер испушти многу бодови во последните два месеци, не успеа да победи против Монца, Емполи, Сампдорија и против Болоња. Како резултат на тоа, тимот постепено се израмни со градскиот ривал Милан, а Рома и Лацио имаат натпревар помалку и доколку победат ќе бидат во непосредна близина на „нероаѕурите“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови