
Шкендија имаше една седмица повеќе да размисли како испушти два бода на домашен терен против Работнички (1-1) и дозволи Шкупи да се израмни бодовно на врвот на табелата. Дефанзивецот Јан Кривак вели дека поуки се извлечени и треба да се применат веќе на дуелот против Ренова.
„Сакаме да се вратиме на победнилките патеки. Не смееме да испуштаме бодови, посебно кога играме во Тетово. Имаме можност за поправен против Ренова и се надеваме дека ќе бидеме на потребното ниво. Првенството е долго, но мораме да бидеме на висина на задачата во секој момент од „маратонот“. Подготвени сме да одговориме на предизвикот“, вели Јан Кривак.
Александар Грујоски од Кичево ќе биде главен судија на мечот Ренова – Шкендија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski