Connect with us

Кристал Палас го убедува Лампард да го преземе кормилото

Англискиот премиерлигаш Кристал Палас бара замена за искусниот Рој Хоџсон кој најверојатно ќе се пензионира од фудбалот на крајот од сезоната. Најсериозна опција за нов стратег кој би пристигнал на „Селхурст парк“ е Франк Лампард, поранешниот менаџер на Челси и на Дерби Каунти.


Кристал Палас веќе ги почнал разговорите со Лампард, а раководството на му најавило дека ќе има на располагање 50 милиони фунти за реконструкција на тимот.

Покрај Лампард, англиските медими како најголем кандидат за преземање на „орлите“ го најавуваат менаџерот на Барнли, Шон Дајш, а во конкуренција е и Еди Хау, поранешен стратег на Борнмут.

Advertisement

Facebook

Тимови