Connect with us

Кришито потпишува за Торонто, како претходница на Инсиње

Доменико Кришито, искусниот италијански фудбалер, се договорил со Торонто и за неколку недели ќе ја напушти Џенова и официјално ќе потпише договор со новиот клуб до крајот на 2023 година.


Кришито на лето ќе го пречека капитенот на Наполи, Лоренцо Инсиње, кој веќе постигна договор, а на крајот од сезоната како слободен играч ќе пристигне во Торонто.

Искусниот Кришито извесно време е надвор од терените поради повреда, а во следните неколку дена треба да го раскине договорот со актуелниот клуб, бидејќи има важност до крајот на следната сезона.

Овој дефанзивец за италијанската репрезентација настапуваше неполна деценија, а пред да дојде во Џенова во летото 2018 година, седум години настапуваше за Зенит, додека претходно беше член на Јувентус.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови