Најтрофејниот клуб во светот, Реал Мадрид, испрати божиќна порака до сите симпатизери, навивачи и членови на клубот. Претседателот Флорентино Перез, во друштво со капитените на фудбалскиот и на кошаркарскиот клуб, Серхио Рамос, Фелипе Рејес, Марсело, Серхио Љуљ, како и тренерите Зинедин Зидан и Пабло Ласо, посакаа многу здравје за сите во овој тежок период и потенцираа дека „кралскиот клуб“ секогаш ќе биде тука за да помогне на сите што им е потребно.
„Од Реал Мадрид, во овој тежок период и специфичен момент, сакаме да ви испратиме порака за добро здравје, солидарност и надеж. Се надеваме дека во 2021 година сите ќе можеме да се вратиме во нормала и заеднички да споделиме многу успеси и радости“, истакна претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













