
Карим Бензема вечерва ќе биде награден со „Златната топка“ за 2022 година за неговата феноменална измината сезона. Ова е речиси сигурно и никогаш немало помала неизвесност околу добитникот на наградата.
Капитенот на Реал Мадрид реално нема противник за најпрестижната индивидуална награда во светскиот фудбал. Церемонијата ќе биде во Париз.
За Бензема ова ќе биде прва ваква награда во кариерата, а Карим ќе биде првиот Французин кој ја освоил наградата по Зинедин Зидан (1998).

Според новите правила за одредување на победникот, настапите на играчите се земаат предвид не за календарска година, туку за периодот во текот на една сезона – во овој случај од летото 2021 до јуни 2022 година.
За тоа време Бензема постигна 44 гола и направи 15 асистенции на 46 натпревари за Реал Мадрид. Притоа, тој му помогна на Реал да ја освои Лигата на шампионите и титулата во Шпанија.
Од оваа година, во гласањето можат да гласаат само новинари од земјите чии репрезентации се во првите 100 на ранг-листата на ФИФА. Дополнително, при гласањето главно се посветува внимание на индивидуалните показатели на играчот, а не толку на постигнувањата на неговиот клуб. Минатото на фудбалерот, односно неговото реноме – не е приоритет.
Вечерва на свеченоста ќе бидат одредени победниците за „Трофеј Копа“ – за најдобар млад фудбалер до 21 година, за „Трофеј Лав Јашин“ – за најдобар голман, како и „Златната топка“ во женска конкуренција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
