Connect with us

„Кралевите“ во акција – Зидан сака да го доведе Дибала на „Сантијаго Бернабеу“

Шпанскиот гигант Реал Мадрид сака да го купи Пауло Дибала. На трансферот инсистира Зинедин Зидан и би бил среќен ако зделката би можела да се случи во зимскиот преоден рок. Но, тешко дека Јувентус би прифатил еден таков чекор.

„Кралевите“ се подготвени да ги понудат Иско и Винисиус Жуниор како дел од пакетот, заедно со дополнителен кеш, за да го доведат Аргентинецот на „Сантијаго Бернабеу“. Иско е незадоволен од минутажата во Реал Мадрид, а Винисиус Жуниор исто така не се вклопува најдобро во плановите на Зидан. Французинот смета дека Дибала би бил идеалното решение за навалната линија на „кралскиот клуб“. 

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови