Connect with us

„Кралевите“ отпатувале во Германија по потписот на Џуд Белингем

Челниците на Реал отпатувале за Германија за да го убедат Џуд Белингем да направи трансфер во „кралскиот клуб“, тврди „Марка“. И Ливерпул го посакува одличниот играч за врска, но се смета дека Реал моментално е најреална опција за него. „Марка“ додава дека Реал е убеден дека ќе успее да го убеди Белингем да се пресели на „Бернабеу“.


Англичанецот не разгледувал понуди од други клубови, а Реал Мадрид постојано е во контакт со менаџерите на Белингем и со Борусија Дортмунд. Се очекува Реал Мадрид да плати околу 150 милиони евра за 19-годишниот фудбалер.

Белингем пристигна во Борусија летото 2020 година, а денес е еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот и еден од капитените на актуелниот лидер во Бундес-лигата.

Трансферот на Белингем треба да го надмине оној на Енцо Фернандез во јануари. Челси за аргентинскиот играч од средниот ред на Бенфика и плати 121 милион евра, а Реал е подготвен да ја надмине сумата во оваа операција и со тоа да испише историја.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови