Фудбалерите на Силекс посакуваа убав европски сон во првото квалификациско коло за Лигата на шампионите против азербејџанскиот Карабах, но во Баку доживеаја кошмар. Кратовци загубија со убедливи 4-0 (2-0) по што завршија со настапите во ЛШ, а сега продолжуваат во второто квалификациско коло од Лигата на Европа.
Азербејџанците победата ја најавија уште во 11. минута по акција во три потези која успешно ја круниса со гол Шпанецот Хами Ромеро.
Во 20. минута Тантуровски имаше одлична шанса за израмнување, шутираше од 15 метри но за малку покрај левиот дирек од голот на домашните.
Карабах дојде до водство од 2-0 со сомнителен погодок на репрезентативецот на Хаити, Гуерер. По нафрлањето од Урош Матиќ од десната страна, голманот на Силекс Даниел Божиновски беше под прекршок во својот шеснаесетник, топката дојде до Гуерер кој погоди во празната мрежа. Украинските судии не сметаа дека има прекршок врз Божиновски, па беше заверено 2-0…
На 3-0 зголеми повторно Гуерер во 51. минута од натпреварот, со својот втор погодок…
Во продолжението Силекс има шанси преку Ивановски во 63. минута и Тантуровски во 64. минута, но домашниот голман убаво брани не дозволувајќи гол за македонскиот тим.
За да, потоа следи и нов гол за домашните фудбалери кои преку Емрели во 80. минута заокружија на конечни 4-0 и пласман во следната рунда квалификации во Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Македонија до 16 години ќе одигра два контролни натпревари против Летонија
Евро-фудбал
Сао Паоло му даде отказ на Хернан Креспо













