
МАКФУДБАЛ во Лозана,
Најтрофејниот македонски клуб Вардар загуби со 5-0 од Лозана во реванш натпреварот од второто квалификациско коло од Конференциската лига. Ветувачкиот резултат од Скопје (2-1) беше поништен уште по првиот дел, а Вардар не успеа да се опорави од шокот ниту во вторите 45 минути.

Сѐ тоа што беше добро на првиот меч, едноставно не функционираше на вештачката трева против Лозана. Противниците беа побрзи, одлучни, решени да постигнат успех.
Вардар, како да дојде опиен од добрата игра во Скопје, но ги заборави креативноста, брзината и бескомпромисноста во дуелите. Ништо немаше од тој Вардар, вечерва на стадионот на Лозана.
Мечот почна со отворена игра од двата тима, а Лозана искористи невнимание во одбраната на Вардар во 16.минута. По корнерот од левата страна, Ноа Дусен со удар со глава донесе предност од 1-0.
Само две минути подоцна Вардар можеше да возврати преку Мато, а потоа и преку Омерагиќ, но голманот Карло Летица одлично интервенираше.
Но, Лозана покажа дека на домашен терен е многу поопасен тим. Во 33.минута, Лекуери одлично го проигра напаѓачот Кели Сене, кој излезе сам пред Давор Талески и успеа да о совлада.

Само три минути подоцна уште една одлична шанса за Лозана. Гаусу Дијаките од изгледна можност шутираше, но Талески овојпат одлично одбрани.
Лозана пред крајот на првото полувреме постигна и трет гол. Кели Сене повторно беше побрз од одбраната на Вардар и успеа уште еднаш да го совлада Давор Талески.
Во второто полувреме, Вардар не успеа да се опорави од шокот. Напротив, Лозана повторно доминираше, а Албан Ајдини во 55.минута постигна погодок за 4-0. Беше јасно дека нема враќање.
Седлоски се обиде да освежи со неколку замени, но да им посочи на дел од фудбалерите кои беа повлечени – дека потфрлија. Тогаш кога беше најпотребно.
Во финишот и петти гол за Лозана. Во 84.минута и Сејду Траоре ја погоди мрежата на Давор Талески. Разликата се покажа дека е голема колку – Македонија и Швајцарија, во секој поглед.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Тотенхем го врати Жоао Палиња во Премиер-лигата
