
Беласица продолжува со засилувањата за новата сезона во Втората лига, а најново име во тимот е искусниот дефанзивец Коста Манев. Тој доаѓа како слободен играч по настапот за Брера во пролетниот дел од ПМФЛ.
Манев, кој има 32 години, се договори со струмичани и ќе биде дел од тимот во сезоната 2025/26, во која Беласица ќе се обиде да атакува на горниот дел од табелата. Се очекува Манев да биде столб на одбраната и да внесе стабилност со своето богато искуство.
Претходно настапуваше и за Академија Пандев, односно Брера. Кариерата ја започна во Финска, каде што играше во младинските екипи на Викингит и ХЈК, а подоцна и за сениорските состави на ПК-35, Викингит, Хонка, Интер Турку и Кеми Кингс. Во домашниот фудбал најголем белег остави со Вардар, а има и интернационални епизоди во Вележ Мостар (БиХ) и Ал-Калдија (Бахреин), како и настапи за Македонија ЃП.
Со оваа аквизиција, Беласица испраќа порака дека сериозно ги сфаќа своите амбиции за новата сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
