Connect with us

Косово ја тужи Србија кај УЕФА за прославата со три прста и спорни стихови од песна

Фудбалската федерација на Косово ќе ја тужи Србија кај УЕФА за начинот на кој фудбалерите на оваа репрезентација ја прославија победата против Португалија со која обезбедија пласман на Светското првенство, пишуваат српските медиуми.


Како контроверзни детали од косовската федерација го наведуваат кревањето на три прсти, а има и неколку фотографии на кои српските репрезентативци слават на тој начин. На најмногу од нив се Немања Радоњиќ, Стефан Митровиќ и Душан Влаховиќ.

„ФФК ќе поднесе жалба до УЕФА за постапката на српските фудбалери, кои по натпреварот со Португалија се појавија во дресови со иредентистички и националистички натпис.

За спорно Косоварите го сметаат и пеењето на песната „Весели се, српски роде“, а името на песната заврши на славеничките маици на српските фудбалери. Спорен е стихот во кој се пее „Српско знаме да се вее, од Призрен до Румија“, бидејќи се работи за градови кои припаѓаат на други држави, поточно на Косово и Црна Гора.

Ова е само продолжение на меѓусебните препукувања меѓу овие федерации и држави. Така реагираше Фудбалскиот сојуз на Србија кога швајцарскиот репрезентативец Џердан Шаќири даде интервју по мечот пред еден месец, облечен во јакна на Ослободителната војска на Косово.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови