
Лидерот на табелата во Првата лига, тимот на Струга Трим Лум, гостува на „Автокоманда“ (15 часот) на дуелот против Скопје, кој во минатото коло сензационално го победи актуелниот првак Шкупи на Чаир оваа сезона.
Стружани се надеваат дека дојдат до нова победа, но максимално го респектираат противникот. Голманот Ведран Ќосевски вели дека Струга ТЛ не смее ниту за момент да попушти во трката за титулата.
„Имаме одличен квалитет и атмосфера во нашиот тим. Подготвени сме за мечот со Скопје. Нема да биде лесен, затоа што нашиот противник игра многу добро како домаќин. Го респектираме Скопје, не смее да нѐ залаже позицијата на табелата, но имаме и свои цели, и ќе се бориме до крајот да ги оствариме и да дојдеме до целта, а тоа е победа“, изјави голманот на Струга ТЛ, Ведран Ќосевски.
Шкупи гостува во Прилеп и ќе ги одмери силите со Победа, а Брегалница е домаќин на Македонија ЃП.
Академија Пандев ќе го пречека тимот на Работнички, додека Тиквеш ќе се сретне со Силекс.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 26. КОЛО (15 часот)
СКОПЈЕ – СТРУГА ТРИМ ЛУМ
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ
БРЕГАЛНИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП
ТИКВЕШ – СИЛЕКС
ПОБЕДА – ШКУПИ

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Ентони Гордон од Њукасл

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Евро-фудбал
Феран Торес замина на итна операција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
