
Италијанскиот првак Наполи ќе се обиде да го „врзе“ Елиф Елмас до 2028 година. „Кориере дело Спорт“ објави дека „наполитанците“ подготвуваат понуда за продолжување на соработката, но таа сериозно ќе зависи и од однесувањето на новиот тренер Руди Гарсија.
Тој му дава многу помала минутажа на Елмас на почетокот на новата сезона.
„Елмас во Скопје му покажа на Руди Гарсија кој е“, пишува локалниот медиум од Наполи, „Ил Матино“, потенцирајќи дека Елмас одигра со само 21 минута во три меча во Серија А, но во дресот на Македонија против Италија му докажал на Руди Гарсија за каков играч станува збор.
Елмас има договор со Наполи до јуни 2025 година, а за него има интерес од Ливерпул, Лајпциг, Борусија Дортмунд и од Интер.
Тој дојде во Наполи во летото 2019 година за 16 милиони евра, една година потоа потпиша нов договор за плата од 1,5 милиони евра. Минатата сезона имаше ефект од шест гола и три асистенции во тимот на Наполи на патот кон „скудетото“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
