Интер го освои шампионскиот трофеј во Серија А по 11 години, но може експресно да го загуби градителот Антонио Конте. Тренерот на „нероаѕурите“ е подготвен да поднесе оставка и да замине од Милано затоа што сопствениците не можат да ги исполнат неговите планов за следната сезона.
Како што открива „Газета дело спорт“, Конте во наредните 48 часа ќе му соопшти на сопственикот Стивен Жанг дека заминува. Кинеските газди мораат да го намалат буџетот на клубот за да ја санираат лошата финансиска ситуација предизвикана од пандемијата на коронавирусот, а тоа најверојатно би значело и продажба на дел од носителите на играта на Интер.
Ова не му се допаѓа на Антонио Конте и тој размислува да си замине. Како негов можен наследник се споменува Масимилијано Алегри, поранешниот тренер на Јувентус и на Милан, кој чека шанса да седне и на клупата на Реал Мадрид доколку замине Зинедин Зидан.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal