
Италијанскиот стратег Антонио Конте е пред договор за преземање на англискиот премиерлигаш Тотенхем. Поранешниот тренер на Челси, Јувентус и Интер, како и италијански селектор, пристигна во Лондон каде треба да се сретне со челниците на клубот за потпишување договор до 2023 година.
Тотенхем во саботата на домашен терен загуби од Манчестер Јунајтед со 0-3, а тоа беше последен натпревар за Нуно Еспирито Санто кој доби отказ. Раководството на Тотенхем е убедено дека овојпат го носи вистинското решение, тренер кој неколкупати ја освојувал Серија А, а еднаш бил и шампион на Англија.
Конте побарал од претседателот Даниел Леви да потроши околу 150 милиони евра на неколку фудбалери во наредните два преодни рока. Негови „пикови“ се српскиот напаѓач Душан Влаховиќ од Фиорентина, како и двајцата стопери на Интер, Стефан Де Фрај и Алесандро Бастони.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Баерн Минхен го обнови интересот за Нкунку

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Луис Дијаз се договорил со Баерн Минхен

Евро-фудбал
Марко Асенсио се враќа во Ла Лига?

Евро-фудбал
Шчешни останува во Барселона до 2027 година
