Connect with us

Конте „удри“ по Интер: После Перишиќ, следна цел е Лаутаро Мартинез

Антонио Конте заврши одлична работа во Тотенхем за релативно кратко време. Тотенхем успеа да направи мало чудо на крилата на тандемот Сон – Кејн, а Конте ќе знае како да го наплати тоа. Сака и нови засилувања, а главна база му е – Интер.


Веќе е договорена соработка со голманот Форстер, но и со Иван Перишиќ од Интер. А Конте не планира да застане тука кога е во прашање шопингот од „Меаца“.


Следна цел е Лаутаро Мартинез.


Аргентинецот синоќа имаше одлична партија на „Вембли“, а со гол и асистенција Лаутаро беше еден од најзаслужните за убедливиот триумф на „гаучосите“ над Италија.


Интер е во финансиски проблеми, јасно е дека ќе мора да продава. Се проценува дека трансфер вреден околу 60 милиони евра ќе ги закрпи дупките, што отвора простор за маневрирање кога е во прашање потенцијалното заминување на Лаутаро Мартинез.


Конте има и резервни опции доколку тој сепак остане во Милано. Тотенхем продолжува да ги следи играчите како Калверт-Луин од Евертон, Дарвин Нуњез од Бенфика и Виктор Осимен од Наполи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови