Connect with us

Конте: Не сакам да водам „мртов тим“

Наполи доживеа пораз од 2-0 на гостувањето кај Болоња и го загуби првото место во Серија А. Неколку часа по натпреварот, тренерот Антонио Конте навести дека би можел да си замине од клупата, изразувајќи незадоволство од состојбата во тимот.


Тој упати остри критики кон своите играчи и истакна дека во екипата нема никаква хемија.

„Ако изгубиш пет натпревари во една сезона, нешто не е во ред. Тоа е премногу за тим кој има шампионски амбиции. Јас ја преземам одговорноста, но не сакам да водам „мртов тим“. Не гледам никаква поврзаност меѓу играчите – секој мисли само на себе. Затоа сакам да разговарам со управата“, рече Конте.

„Трансплантација на срце не е решение. Секој од нас мора повторно да го пронајде својот дух, своето срце и својата решителност. Разочаран сум, бидејќи не гледам енергија во играчите, а тоа значи дека нешто не правам како што треба.

Може да се направи промена, но мора да разбереме како да ја спроведеме. Едно е само да играш за клуб, а сосема друго е да играш за клуб со огромни очекувања“, додаде италијанскиот стратег.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови