
Творецот на првата шампионска титула на Интер по пауза од 11 години, Антонио Конте, можеби и ќе го напушти „Џузепе Меаца“ на крајот од сезоната. Тој не даде прецизен одговор дали ќе остане на клупата на новиот италијански првак и во следниот шампионат.
Интер вчера ја прекина деветгодишната доминација на Јувентус во италијанскиот фудбал, обезбедувајќи ја својата 19. титула во клупската историја на четири кола пред крајот на Серија А.
Конте седна на клупата на Интер во 2019 година, откако претходно освои три последователни титули со Јувентус (2012, 2013 и 2014), а потоа беше селектор на италијанската репрезентација.
„Воопшто не ми беше лесно при изборот да дојдам во Интер во време кога екипата не беше навикната да победува. Интер, исто така, е клуб, кој е директен конкурент на Јувентус, мојот поранешен клуб. Во овој момент мислам дека е најисправно е да уживаме во новото „скудето“. Секако ќе има време за разговор за сите работи што треба да ги направиме“, изјави Конте.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal