Антонио Конте на лето би можел да го напушти Интер доколку сопствениците на италијанскиот калчолигаш не му ги гарантираат засилувањата за следната сезона. Тој и оваа сезона имаше несогласувања со раководството и не беше најзадоволен од оствареното во трансферниот период, но, сепак, остана во Интер и е на добар пат да го освои „скудетото“.
Интер е во финансиска криза и сопствениците на клубот, кинеската компанија „Сунинг“ не може да му даде големи гаранции за наредната сезона, а тоа е реален проблем за Конте.
Од Островот доаѓаат најави дека Конте би можел да го наследи Жозе Мурињо на клупата на Тотенхем.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













