Српскиот интернационалец Александар Коларов ќе го напушти Интер во зимскиот преоден рок, јавуваат италијанските медиуми. Тој не е во плановите на тренерот Антонио Конте, кој не му даде шанса за настап во последните речиси два месеци.
Со тоа дефинитивно му стави до знаење дека подобро е да си побара друга средина, порака која веќе ја доби и данскиот интернационалец Кристијан Ериксен.
Коларов дојде од Рома во летниот преоден рок и потпиша едногодишен договор со Интер. Претходно беше стандарден првотимец во дресот на „волчицата“. Во Италија најавуваат дека за него е заинтересиран составот на Калјари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













