Connect with us

Конте и вторпат ја одби клупата на Наполи

Наполи по вторпат се обиде да го убеди Антонио Конте да ја преземе клупата на актуелниот италијански првак, но не успеа.


Аурелио Де Лаурентис и Антонио Конте имаа долги разговори во неделата, продолжија и во понеделникот, но не успеаја да постигнат договор.

Италијанските медиуми откриваат дека Де Лаурентис ја зголемил понудата на осум милиони евра годишно и договор за три и пол сезони, до летото 2027 година, но Конте се заблагодарил и одбил.
Ова не е првпат Конте да го одбие Де Лаурентис, бидејќи првпат преговараа кога тој реши да го отпушти Руди Гарсија, но Италијанецот и тогаш одби да го преземе Наполи.

Тоа значи дека извесно време на клупата ќе остане Валтер Мацари, кој не успеа да ја врати формата на шампионот на Италија. Со него на клупата, Наполи забележа дури шест порази на 10 натпревари, нема постигнато гол на последните четири меча, поради што Де Лаурентис размислува за нова промена.

Наполи е далеку од борба за Лигата на шампионите, лидерот Интер му бега дури 20 бода, па оваа сезона е залудно потрошена.

Наполи сѐ уште е „жив“ во Лигата на шампионите, а во осминафиналето ќе се сретне со Барселона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови