
Тренерот на Наполи, Антонио Конте, верува дека борбата за титулата во Серија А ќе почне да се разгорува пред крајот на првиот дел од сезоната и прогнозира дека пласманот во италијанскиот шампионат ќе се промени неколкупати пред крајот на сезоната 2024/25.
Тимот на Наполи е лидер на табелата во Серија А со 29 бода од 13 одиграни натпревари, но уште четири екипи – Аталанта, Интер, Фиорентина и Лацио – го следат со по 28 поени. За клубот од Неапол следува гостување кај Торино во недела, во рамки на 14. коло од шампионатот.
Конте прогнозира дека ќе има значајни промени во конкуренцијата за титулата уште пред завршувањето на календарската година.
„Треба да бидеме реални и да признаеме дека поминаа само 13 натпревари од почетокот на сезоната, а има шест тимови кои се на неколку поени зад нас. Првенството досега е навистина балансирано, но не верувам дека така ќе остане до крајот,“ изјави Конте на прес-конференција.
„Борбата ќе почне да се разгорува малку пред крајот на првиот дел од сезоната, но ние сме задоволни. Ова покажува дека работиме добро и секојдневно поставуваме важни основи. Гледам постојан развој, и тимски и индивидуално. Заслугата треба да оди кај момците кои сакаат да се подобруваат“, додаде Антонио Конте.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дојде потврда од УЕФА: Македонија У21 ќе ја пречека Италија во Битола

Прва лига
Работнички и Бојан Маркоски се разделија

Евро-фудбал
Меси донесе финале за Интер Мајами (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Сасуоло го претстави Немања Матиќ

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
