Тренерот на Милан, Серџо Консеисао, беше видно разочаран по поразот со 0-1 од Аталанта во натпревар од Серија А. И покрај поразот, Консеисао одби да зборува за својата иднина во клубот и остана фокусиран на претстојниот реванш во полуфиналето на Купот на Италија против Интер.
„Првото полувреме беше израмнето. Аталанта имаше повеќе посед на топката, но ние немавме сериозни проблеми во одбраната. Стоевме малку подлабоко отколку што планиравме, но завршивме добро, создадовме неколку ситуации во кои ни недостасуваше само последното точно додавање“, изјави Консеисао.
Во второто полувреме, Милан започна поенергично, но по првата вистинска шанса на Аталанта, гостите успеаја да постигнат гол. Тоа беше момент на невнимание кој ги чинеше „росонерите“ важни бодови во трката за висок пласман.
„Знаевме дека Аталанта напаѓа преку центаршутеви кон вториот дирек. Зборувавме за тоа, трениравме токму за тие ситуации, но, сепак, примивме гол“, додаде тренерот на Милан.
Консеисао исто така изрази незадоволство од ефектот на резервните играчи, кои, според него, овојпат не ја донеле потребната енергија.
„Откако пристигнав во Милан, дури и по освојувањето на Суперкупот и победата против Калјари во мојот прв натпревар во Серија А, постојано се зборуваше за можни нови тренери. Јас се фокусирам на работата и на тимот“, заврши Португалецот со доза на горчина.
Следниот натпревар на Милан е реваншот против Интер во полуфиналето на Купот на Италија, каде „росонерите“ ќе имаат шанса да се борат за втор трофеј оваа сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Евро-фудбал
Сасуоло го изненади Милан на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски













