
Тренерот на Милан, Серџо Консеисао, ги сподели своите впечатоци по победата на неговиот тим со 3-2 против Интер во финалето на Суперкупот на Италија. Со овој триумф, „росонерите“ ја прекинаа доминацијата на „нероаѕурите“, кои го освојуваа трофејот од 2021 година наваму.
„Многу сум среќен за тимот – не беше лесно, атмосферата не беше на највисоко ниво. Ова е големо достигнување, што беше дополнително нагласено со солзите на крајот од натпреварот. Имавме само неколку дена да работиме на важни детали и се соочивме со два многу силни противници“, изјави Консеисао.
Тој ја истакна важноста на вложениот труд од играчите.
„Магијата ја создадоа играчите, кои ги прифатија нашите идеи, иако имавме многу нешта за подобрување. Со смиреност можеме да имаме одлични четири месеци во лигата и да се претставиме добро во Лигата на шампионите. Сега славиме, но веднаш мислиме и на натпреварот со Калјари.“
Консеисао не ги штедеше пофалбите за Рафаел Леао.
„Рафаел Леао е феномен. Го познавам долго време, тој е посмирен Португалец, за разлика од мене. Ако научи уште две-три работи, може да стане најдобриот во светот. Тој има огромен потенцијал и ако целосно се посвети на тимот, може да го достигне тоа ниво.“
Конечно, тренерот ја опиша важноста на корекциите во текот на натпреварот.
„Поправивме неколку грешки во нападот, но примивме два тешки удари – еден гол во судиското продолжение на првото полувреме и уште еден поради погрешна реакција. Но, тоа покажува дека Милан има карактер. Успеавме да се вратиме во игра против два фантастични тима. На полувреме, тренерот треба да интервенира и да ја корегира ситуацијата – затоа ме плаќаат“, истакна новиот стратег на Милан.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ливерпул е фаворит за потписот на Милош Керкез

Евро-фудбал
Кевин де Бруин од следната сезона во Астон Вила?
