Навивачката група Комити е најактивниот сегмент во обидот за изнаоѓање спас и стабилно раководно решение за најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар. Комитите тргнуваат во нова акција, наречена „Билет за спас на Вардар“.
Во соопштението на навивачката група се вели…
Секој од нас бил во ситуација да не е еден од оние среќници кои дошле до карта да бидат покрај нашиот Вардар на важен, историски натпревар. Имало и ситуации кога не сме биле покрај Вардар поради ограничен капацитет, скапи карти, визи, болест, работа, радосни моменти, трагедии…
Ако сме искрени, најголемиот дел од нас не биле покрај Вардар и кога немало никакви изговори, кога зјаел празен Градски иако сите услови ни биле достапни. За секоја критика сме поради тоа…
Во ситуацијава во која се наоѓаме, субјективно гледано немаме директен удел, но во реалноста имаме поради пасивноста на поголемиот дел од нас, и неможноста да се прилагодиме на новонастанатата ситуација по распадот на старата држава, неатрактивноста на првенството и навивачките дуели.
Вистинските навивачи се покрај својот клуб без оглед на тоа кој е противник, кога, каде и под какви услови. Со секој натпревар Вардар а и ние сме побогати за ново искуство, дружба, забава, тага, радост…
Судбината понекогаш знае да си поигра со нас, па така на најважниот натпревар во историјата на нашиот Вардар, ни поставува задача да го наполниме Градски, а иронично, притоа да не бидеме физички присутни на трибините.
Капацитетот на нашиот Градски е 36.500 седишта.
Очекуваме сите да го дадеме својот придонес и барем виртуелно да го исполниме цел стадион на еден натпревар. Еден натпревар кој ќе ја продолжи надежта на краток рок, но на долг рок ќе биде врежан со печатот на вечноста.
Еден натпревар на кој ќе бидеме отсутни а истовремено нашата присутност ќе се почувствува како никогаш предходно.
Прв домашен натпревар е вечното дерби на Македонија, Вардар – Пелистер закажан за 14.02.2020г.
Доста беше седење на страна и коментирање – ова е шанса конечно сите заедно да бидеме еден – СПАС ЗА ВАРДАР ! Друга опција не е во игра…
Ќе има инструкции многу скоро…
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski