Навивачката група Комити ги покани Чкембарите на денешното дерби меѓу Вардар и Пелистер. Тие им гарантираат безбедност на битолчани во Скопје, иако МВР забрани гостински навивачи на овој дуел.
“Одлуката која МВР ја наметна, со цел забрана за гостински навивачи, за денешниот натпревар помеѓу ФК Вардар и ФК Пелистер, не ја признаваме!
Упатуваме апел до навивачката група “Чкембари Битола”, денес да дојдат на стадионот во Маџари. Ние сме гаранција дека безбедно ќе влезете и ќе го напуштите стадионот. Борбата за достоинството на навивачот е наша заедничка и примарна борба. Ве очекуваме! НЕ ЗА ФУДБАЛ БЕЗ НАВИВАЧИ!”, објавија Комити.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski