
Франција е во ново мундијалско финале откако го победи Мароко со 2-0, но не беа сите среќни во составот на aктуелните шампиони по завршувањето на мечот. Француските медиуми откриваат дека веднаш по завршувањето на мечот селекторот Дидие Дешамп имал разговор со Кингсли Коман.
Крилниот напаѓач бил незадоволен што не добил шанса на натпреварот.
Подоцна, Дешамп објасни дека Коман не бил во најдобра здравствена состојба.
„И тој попладнево имаше треска. Поради оваа причина, го ставив во игра Коло Муани. Како што се наближува крајот на првенството, нашите фудбалери се веќе уморни, а соодветно на тоа слабее и нивната имунолошка заштита. Мора да бидеме внимателни“, изјави Дешамп.
Дешамп на претходните пет натпревари му даде шанса на Коман, но синоќа одлучи наместо него во игра да го внесе Рандал Коло Муани, а потегот беше совршен бидејќи тој постигна гол само 44 секунди по влегувањето на теренот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У19 подобра од БиХ на првиот тест

Евро-фудбал
Велс го победи Казахстан и го презеде врвот

Млади репрезентации
Започнува продажбата на билети за мечот Македонија – Италија (У21) во Битола

Млади репрезентации
Дашмир Елези: Одиме меч по меч, Македонија може многу во овие квалификации

Интернационалци
Бојан Димоски потпиша за ТСЦ
